Пронајден мртов маж во тоалетот на аеродромот „Александар Велики"

Во 04 часот по полноќ на Граничен премин Аеродром “Александар Велики“-Скопје, од страна на обезбедувањето на аеродромот, во тоалетот, бил пронајден починат маж.

Полицијата информира дека се работи за 52-годишниот В.M. од Велика Британија, кој недавал знаци на живот.

Смртта била констатирана од страна на доктор од екипата за Итна медицинска помош.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција.