Промовирани Училишни сообраќајни единици на Град Скопје (фото)

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Град Скопје и партнерите, денес пред паркот „Жена Борец“ ги промовирaа Училишните сообраќајни единици составени од ученици од СУГС „Боро Петрушевски“. По промотивниот настан членовите на Училишните сообраќајни единици со прeтставниците на Министерството за внатрешни работи започна со активности за регулирање на сообраќајот и предупредување на неодговорните учесници во сообраќајот.

На настанот присуствуваше градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и Претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Стојче Стаменковски.

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски истакна дека учениците од СУГС „Боро Петрушевски“ ги сочинуваат првите училишни сообраќајни единици кои ќе имаат за задача превентивно да дејствуваат и да ги едуцираат учесниците во сообраќајот за последиците од неодговорното учество во сообраќајот. Исто така Трајановски потенцира дека Училишните сообраќајни единици се позитивен пример кој треба да биде следен од останатите училишта а подржан од граѓаните и на тој начин сите да го дадат својот придонес за побезбеден сообраќај.

По примерот на големите европски метрополи Градот Скопје со подршка на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата пристапи кон формирање на училишни сообраќајни единици. Формирањето и функционирањето на училишните сообраќајни единици претставува чекор напред кон унапредување на сообраќајно превентивното дејствување. Придобивките од училишните сообраќајни единици се повеќекратни. Имено од една страна тие ќе претставуваат подршка во работата на сообраќајната полиција во делот на управување и контрола на сообраќајот, од друга страна ќе дејствуваат превентивно во насока на информирање, едукација и подигање на јавната свест за одговорно учество во сообраќајот а исто така училишните сообраќајни единици ќе значат и практична едукација и унапредување на знаењата и капацитетите на ученицит, членови на Училишните сообраќајни единици. Мерките и активностите кои ги преземаат Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Градот Скопје даваат резултат а доказ за тоа е токму фактот што од почетокот на годината досега на подрачјето на СВР Скопје едно лица го загубило животот во сообраќајна незгода што претставува значително намалување во однос на минатата година и се надевам дека во идниот период ќе се задржи трендот на намалување на бројот на настрадани лица во сообраќајни незгоди за што се неопходни силни активности од сите надлежни институции и поголема одговорност од учесниците во сообраќајот – истакна Стојче Стаменковски, Претседател на РСБСП.