Промоција на новата книга на Игор Џамазов, „Улица Диши длабоко“. Овој пат големиот Џамбазов ќе го читаме во стихови, надополнети со анегдоти за секоја од неговите песни.

„Улица Диши длабоко“ е збирка од најпознатите песни напишани или изведени од Игор Џамбазов. Покрај незаборавните блуз-стихови, тука се и забавните описи за инспирацијата и процесот на нивното настанување, како и општествените (не)прилики, интимните исповеди и сите негови (не)згоди и пороци.

Промоцијата ќе се одржи во ресторанот „Вип база“ („3-та Македонска бригада“, во склоп на Американ колеџ), денеска  во 19 часот.