Промоција на стрип-сликовницата „Девојче на Месечината“

Во Универзитетската библиотека „Гоце Делчев“ во Штип денеска ќе промовирана стрип-сликовницата „Девојче на Месечината“, комплетно дело на авторот Александар Стеванов, која е  најново издание на издавачката куќа „Стрип квадрат“ од Скопје.

-„Девојче на Месечината“ е патешествие на едно мало девојче низ Галаксијата, разните созвездија на небото, и патот до вистината.  Префинетоста во расказот на суптилен начин потсетува на Егзипери и неговиот мал принц, а илустрациите ни отвораат еден прекрасен фантастичен свет. Авторот Александар Стеванов на мошне интересен начин успева да нè заинтригира за вселената, за отвореното небо и ѕвездите, и преку оваа приказна да ни ги збогати знаењата за нив. Сликовницата изобилува со прекрасни илустрации, исполнети со вистински соѕвездија, а во внатрешноста содржи и самолепливи сликички, кои ќе понудат прекрасно изненадување за децата – соопшти издавачот.