Промоција на романот „Интернат“ од големиот украински писател Сергиј Жадан

Во книжарницата на „Матица македонска“ од Скопје денеска ќе биде промовиран романот „Интернат“ од големиот украински писател Сергиј Жадан.

На свеченоста, што ја организираат Амбасадата на Украина во нашата држава и Здружението на украинците во Скопје, поздравна реч ќе одржи амбасадорката Наталија Задорожњук, одека делото ќе го промовираат писателот Раде Силјан и преведувачката Вера Чорниј Мешкова.

Сергиј Жадан спаѓа во редот на најпознатите современи украински писатели. Автор е на богат прозен опус за кој е добитник на бројни книжевни национални и меѓународни признанија, а неговиот роман „Интернат“ е преведен на најзначајните јазици во светот.