Промоција на реставрираниот филмски опус на Кирил Ценески

На 21 март (четврток) во 12 часот во просториите на Кинотека на Македонија, ќе се одржи промоцијата на ДВД изданието на играните филмови на Кирил Ценевски. „Црно семе“, „Јад’, „Оловна бриграда“ и „Јазол“ се четирите дигитално реставрирани долгометражни играни филмови во оваа уникатна колекција.

На промоцијата со свое учество ќе не почестат прославениот српски глумец со македонско потекло Лазар Ристовски, како и македонската актерка од Хрватска Костадинка Велковска.

Кирил Ценевски по многу параметри е единствена појава во македонската кинематографија. Контроверзноста слободно може да фигурира како негово средно име. Уште со првиот филм, „Црно семе“ , ги освои не само најбитните награди на фестивалите во тогашна Југославија, туку е и прв македонски игран филм кој учествувал и бил наградуван на интернационални филмски фестивали.