Промоција на анализа за учеството на земјата во Еразмус плус-програмата

„Анализа на македонското учество во Еразмус плус: потенцијали и ограничувања“ – долкумент изработен НВО Евротинк-Центар за европски стратегииќе, ќе биде промовиран денеска во Скопје.

Како што е најавено, првиот дел од анализата нуди осврт на рамката на јавни политики во која се спроведуваат проектите од децентрализираните акции на Еразмус плус, а во вториот дел е сместена анализата на податоците од анкетниот прашалник, преку претставување на одговорите добиени за поединечните прашања од корисниците на Еразмус + проекти.

Еразмус плус, како што се посочува, е највидлива и најпрепознатлива европска програма која директно го поддржува развојот на човечките потенцијали на европско ниво. Оваа програма од 2014 година овозможува рамноправно учество на Република Северна Македонија со државите-членки на ЕУ, како и соработка меѓу граѓаните од повеќе држави во областите на образованието, младите и спортот.