Промените се тешки, но секогаш вредат!

Толку многу е пишувано за врската меѓу позитивното размислување и добриот и квалитетен живот, што веќе делува како се да е кажано. Но, дали некој слуша? Поразителни се резутатите дека секоја година се зголемуваат самоубиствата и депресивните луѓе, а од друга страна, сите истражувања покажуваат дека позитивното размислување е поволно од многу различни аспекти.

Зошто е толку да се промени начинот на којшто размислувате? Погледнете ги најчестите причини и препуштете им се на промените!

1. Луѓето мешаат едноставно со лесно.

Повеќето луѓе веруваат дека поради тоа што сите наговестуваат дека техниките за промена на начинот на размислување се едноставни, тие истовремено се и лесни. Тие веруваат дека би требало лесно да можат да се спроведат тие совети во пракса. Колку поедноставно звучи планот или советот, толку повиновно ќе се чувствува човекот ако не му успее од прва.

Кога човек верува дека промената е едноставна, тој не размислува за тоа што се ќе му биде потребно за да го направи тоа, без разлика дали станува збор за време, пари или енергија. Кога ќе се обидете да направите нешто коешто изгледа едноставно, а не ви успева тоа, тогаш се чувствувате уште пообесхрабрени. Вистината е дека промената е тешка и дека дури и најмалите промени во нашето однесување не се лесни за спроведување. Едноставно не е исто што и лесно.

2. Да разберете нешто не е исто како и правење нешто

За да промените некаков шаблон во вашето однесување, морате да направите нешто. И не постојат исклучоци за ова правило. Она што е многу интересно кај луѓето е тоа што кога се обидуваат да си го променат животот, претпоставуваат дека доволно е само да разберат што е потребно за да променат нешто.

Ако некогаш сте се обиделе да читате книга за самопомош и сте ги прочитале лекциите, но не и вежбите, јасно ви е за што станува збор. Тоа е како некој да ви објасни како функционира некоја машина за трчање во салата за вежбање, а вие никогаш да не се качите на неа. Нема да си го подобрите животот само со разбирање, ќе морате да го примените тоа знаење за навистина да промените нешто.

3. Само-обвинувањето му пречи на вашиот личен развој

Престрогата самокритичност е отровна форма на емотивна злоупотреба врз самите себе и ве спречува да го живеете животот којшто го сакате. Повеќето луѓе не разбираат дека кога правиме одлуки, ги правиме базирано на тоа што е најдобро за нас во моментот.

Дури и кога правите одлука за која знаете дека ќе се покаете, го правите тоа, затоа што се наоѓате во умствена рамка од која сте немоќни да излезете за да донесете поинаква одлука. Ако сте биле, ќе сте ги направеле поразлично работите.

Но, вистината е дека можеме да гледаме назад само поради тоа што сме оделе напред. Ако ја имате можноста да се свртите зад вас и да го препознаете фактот дека сте можеле да донесете попаметна одлука, тоа е затоа што сте созреале и сте дошле до место кое ви го овозможува тоа. Исто така сега можно е да имате нови информации коишто сте ги немале во времето на носењето на одлуката.

Себе-обвинувањето се врти околу гледањето назад во нешта кои не можете да ги промените, а тоа генерира уште посилен негативен ментален склоп и негативни емоции. Овој круг ве спречува да добиете нови погледи и нови размислувања, да продолжите напред и да носите подобри одлуки.

4. Незнаењето е единствен избор

Не може да создадете позитивен живот со негативно мислење. Негативни мисли водат кон негативни емоции. Позитивни мисли водат кон позитивни емоции. Ако сакате да се чувствувате добро и да водите среќен живот, единствен избор ви е да размислувате позитивно.

Постојат луѓе кои се убедени дека секогаш се во право. Тие се убедени дека нивниот негативен поглед на светот е точен и дека оние што мислат позитивно се во заблуда. Тие се убедени дека позитивното мислење нема да им биде успешно. Како и да е, овие луѓе се многу несреќни и нивното мислење е тоа што ги создава нивните негативни чувства. Не постојат среќни луѓе кои размислуваат негативно. Ако сакате да бидете среќни, морате да изберете начин на размислување кој води до позитивни мисли.