Промените на времето предизвикуваат мозочен удар

Научниците од Јеил веруваат дека поголемите дневни промени во температурата и влажноста на воздухот се поврзани со поголемата зачестеност на мозочниот удар.

Мозочниот удар во голема мерка зависи од временските услови, тврдат научниците на Јеил заклучувајќи дека се поголемите дневни промени на температурата и влажноста на воздухот се директно поврзани со се поголемиот број на мозочни удари.

Покрај тоа, нивните наоди сугерираат дека просечно пониските годишни температури на воздухот се исто така поврзани со пропорционално зголемување на бројот на хоспотализации заради мозочен удар.

Во истражувањето се користени податоци за 135 илјади пациенти хоспитализирани заради мозочен удар во текот на 2009 и 2010 година. При утврдувањето на ризикот поврзан со временските услови, предвид ги зеле факторите  како што се присутност на дијабетес и покачен крвен притисок.

Истражувачите врз основа на своите резултати препорачуваат луѓето со фактори за ризик од мозочен удар да избегнуваат изложеност на екстремни временски услови.