Влакната почнуваат да седат, и тоа по целото тело, од друга страна, стручњаците тврдат дека жените се чувтвуваат подобро во својата кожа и повеќе уживаат во сексот.

Циклусот се менува

Природниот пад на естрогенот и прогестеронот условува промени во месечниот циклус околу 35-тата година во животот на жената. Некогаш станува пократок, некогаш се продолжува, полесен, потежок…

Некои жени влегуваат во перименопауза во доцните раните 40-ти. Мали промени во циклусот се нормални, но ако воочите позначајни разлики од вообичаеното, јавете се на гинеколог.

Седи влакна

После 30-тата нормална е појавата на седи влакна по целото тело.

Поспор метаболизам

Иако на телото му треба повеќе време да а преработи храната и потроши енергијата, сепак не е правило дека треба да добиете виѓок килограми. Стилот на живот е тој кој придонесува за зголемен број гојазни жени по 30-тите, а не биолошката предодреденост.

Сексот е подобар

Жените во овие години се опуштаат во спалната соба и не се „замараат“ со глупостите кои ги оптоваруваат во 20-тите години. Истражувањето направено на „Science Direct“ објаснува дека жените помеѓу 27 и 42 години имаат повеќе сексуални фантазии, идеи и сексуални активности отколку во 20-тите.