Промени на Фејсбук во текот на следните недели

Фејсбук најави промени во начинот на функционирање на своите вести, правејќи ги помалку истакнати натписите од бизниси, брендови и медиуми.

Наместо тоа, ќе се истакне содржината што ги поттикнува разговорите меѓу семејството и пријателите, кои ја користат страницата, објасни главниот извршен директор Марк Цукерберг на неговата страница.

Промените ќе стапат на сила во текот на следните недели.

“Добивме повратна информација од нашата заедница дека јавните содржини – мислења од бизниси, брендови и медиуми – ги пропуштаат личните моменти, што нè водат кон поголемо поврзување едни со други”, напиша Цукерберг.

Тој нагласи дека заедно со неговиот тим чувствуваат одговорност да осигураат дека Фејсбук е добар за луѓето.

„Ако јавната содржина треба да се промовира, ќе треба да се гледа како да се поттикне интеракцијата со заедницата – како што се случува во тесно поврзаните групи кои разговараат за телевизиските програми и спортот“, рече тој.

Друг пример од Фејсбук се видео-канали во живо, кои имаат тенденција да генерираат многу дискусии.

“Со овие промени, очекувам времето што луѓето го поминуваат на Фејсбук да биде многу повредено”, додаде Цукерберг.