По 60 години, азбесните плочи конечно стануваат минато, основното училиште Димитар Поп Георгиев-Беровски ќе добие нова кровна конструкција. За овој градежен зафат, општината обезбеди 9 милиони денари. Стартуваме летово.
Истовремено, советниците на денешната седница го ослободија Министерството за образование и наука од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште, по што се очекува да започне доградбата и надградбата на ООУ ,,Тихомир Милошевски” во Ново Село.
Со ова јасно покажуваме дека инвестирањето во образованието е еден од врвните приоритети на локалната самоуправа.
На 29-та Седница на Советот се изгласа и Ребалансот на Буџетот на општината, чиј акцент е ставен на ифраструктурни проекти.