Пролетта дојде на време: Следат сочеви денови со голем раст на температурите

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со услови за слаб дожд во североисточните делови. Попладне облачноста ќе се намалува ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 17 Целзиусови степени, Маврово 10, Охрид 15, Битола 17, Дојран 20, Кавадарци 19, Берово и Крива Паланка 13...

Од утре па до крајот на работната недела нашето подрачје ќе биде под влијание на јужно воздушно струење. Времето ќе биде стабилно и потопло, освен во вторник кога повторно ќе има услови за слаб локален дожд. Дневните температури ќе бидат во благ пораст и ќе достигнуваат и до 22 степени, прогнозира УХМР.