Пролетното сонце – најдобар извор на витамин Д

Колку што треба да внимаваме и да се придржуваме до препораките на докторите во однос на штетното влијание на УВ зраците, толку и не смееме да заборавиме за благотворното влијание на сонцето на нашето здравје. Сонцето го поттикнува лачењето на хормонот мелатонин, кој го регулира ритамот на сонот, влијае на општото расположение и го јакне имунолошкиот состав. Сепак, особено значење треба да им дадеме на сончевите зраци кои создаваат витаминД, кој има клучна улога за многу функции во човековиот организам.

Активатор на имунолошкиот состав

Како што се сончевите зраци најчест извор на витаминот Д, често овој витамин се нарекува витамин на сонцето. Тој е клучен за нормален раст и минерализација на коските и забите, а новите истражувања ја прошируваат неговата улога на повеќе аспекти од нашето здравје. Според нив, тој е важен за превенција на дијабетесот, туморите, особено карцином на дебелото црево, простата и дојките, а се поврзува и со подобрување на когнитивните способности, намален ризик од хроничен замор, и намалување на ризикот од срцеви заболувања .

Недостаток на витамин Д

Недостатокот на овој витамин може да биде предизвикан од недоволно внесување во организмот преку храна или пак од недоволно изложување на сонце. Доколку на телото му недостасува витамин Д, калциумот внесен во организмот нема да може да се апсорбира, па како последица на тоа се јавува остеопороза, а кај децата рахитис.

Колку време треба да се минува на сонце?

Витаминот Д е еден од ретките витами кои можат да се синтетизираат во човечкиот организам, за што е потребна сончева светлина, која предизвикува негова активација од форма на провитамин, што како таков го задржува во организмот подолго од оној кој се внесува со храна. Истражувањата покажа ека за поголемиот број од луѓето, секојдневно само неколку минути поминати на сонце, при што е доволно да се изложат само рацете. Таквото изложување е доволно за да се осигура количината витамин Д, која ни е потребна.

Препорачана доза

Препорачаната дневна доза од овој витамин зависи од низа фактори, како здравствената состојба на една личност, начинот на исхрана, возраста и полот, годишното време и тн. Сепак, се препорачува 400-600 единици од  витаминот Д. Чаша млеко на пример содржи 100 единици. Само неколку намирници имаат голем удел од овој витамин, а тоа се жолчката, црниот дроб, масната риба (лосо, скуша, туна) и маслото.

Многу витамини помагаат во апсорбцијата на овој витамин, делувајќи како кофактори. Најважни меѓу нив се магнезиумот, витаминот К, цинкот и тн.