Пролетно садење дрвја во Гази Баба

Градот Скопје денеска ќе сади дрвја во општина Гази Баба во рамки на пролетната акција.

Дрвјата ќе се садат кај игралиштето позади Природно-математичкиот факултет, а на засадувањето ќе присуствува и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.