Пролетен колач со јагоди

Овој колач е одличен за периодот на пролетта, поради одличниот вкус на јагодите. Тој е едноставен за подготовка, а се подготвува мошне брзо.

Состојки:

1 чаша јогурт

2 чаши бело брашно

½ чаша масло

1 пакетче ванилин шеќер

2 јајца

1 пакетче прашок за пециво

50 гр. Чоколадо

2 чаши јагоди

Начин на подготовка:

Миксирајте го шеќерот со 2 јајца и ванилата. Кога ќе добиете глатка смеса, во неа додајте го јогуртот, маслото, брашното и прашокот за пециво.

Повторно мешајте убаво со миксерот, па додадете ја чоколадата исечена на ситни парчиња. На крајот, убаво со лажица измешајте ја целата смеса.

Загрејте ја рерната на 180 степени, а во меѓувреме намачкајте го тавчето за печење и обложете го со хартија за печење или брашно за да не се залепи колачот на него.  Потоа, ставете ја смесата, но внимавајте рамномерно да ја распоредите на сите страни. На крајот посипете ја со исецканите јагоди и печете околу 30 минути,

Оставете го колачот добро да се олади по печењето, а потоа посипете го со шеќер во прав.

Air Max 90 Ultra 2.0 Flyknit