Пролетен хороскоп: Овен, Бик и Близнаци

Прочитајте што ги очекува оваа пролет родените во овие знаци.

Овен

Пролетта ќе започне на интересен начин за Овните, со неколку изненадувања. Ова е ваш период во годината и ќе се чувствувате енергично и позитивно. Сепак, морате да бидете внимателни во текот на март поради негативното влијание на ретроградниот Меркур. Некои Овни ќе доживеат неуспех поради мрачното влијание на оваа планета. 

Најдобро ќе се снајдете ако се потсетите на некои од лекциите од минатата година. Секоја тешкотија можете да ја надминете со тешкотија и насмевка на лицето.

Бик

Оваа пролет ќе ви биде потребна неверојатна одлучност бидејќи ќе поминете низ големи промени. Ќе морате да преземете одговорност за некои работи во вашиот живот и веќе тоа не можете да го одбегнувате. Од вас се бара да донесете тешки одлуки. Ако сте незадоволни, сега е време да го смените тоа. Среќата ќе се појави кога малку повеќе ќе се посветите на себеси.

Близнаци

Финансиските проблеми ќе ви создаваат ноќни мори оваа пролет. Но, не дозволувајте тоа да ве одалечи од главните цели. Имате неверојатна моќ на прилагодување, па така лесно ќе најдете решенија за сите проблеми. Искористете го овој период максимално.