Вторник 29.11.2016

Рок Кафана Рустикана 

Неделна програма

*Вторник – Heineken Tribute Tuesday. Heineken 0,5 по промо цена од 100 денари и музика исклучиво од еден артист во периодот од 21:00 – 00:00.

*Среда – Blues & Whiskey Wednesday. In The Mood Blues Duo со најдобриот акустичен блуз перформанс во градот и 6 вида на виски по цена од 100 денари.

*Четврток – Кириличен рокенрол со Аудиоскопје после 21:30

*Петок – Вино и Гитари од 17:00. Афтерворк со Аце и Јоце во соработка со Тиквеш. Александрија Cuvee и Special Selection Oak Edition по цена од 600 денари за 0,75.
Акустична вечер со Кума и Црни старт после 21:30.

*Сабота – Македонски евергрини со Lili Chilli од 14:00 и Burger Happy Hours од 14:00 – 18:00. 20% попуст на сите бургери во овој период. R’n’R 101 со Ringroad. Класисична рок едукација со старт после 21:30.

За инфо и резервации пишете ни во инбокс или свртете на 075 478 134

Почеток: 21.00

Кинотека на Македонија

30 години од Среќна Нова `49

СРЕЌНА НОВА`49
Игран филм, Македонија
1986 г., 125 мин., колор, ДСП
Режија: Столе Попов
Сценарио: Гордан Михиќ
Улоги: Александар Ѓорчев, Мето Јовановски, Светозар Цветковиќ, Владица Милосављевиќ, Петар Арсовски, Мите Грозданов, Душко Костовски

Почеток: 19.00

Public Room 

Beaujolais nouveau tasting

Новото Божоле пристигна во Македонија!

Дегустација на „Beaujolais nouveau 2016” вино надополнето со вкусна храна.
Карта за 2 лица 1.500 ден вклучува:
– Beaujolais вино 0,75 л.
– Ладна мезе даска (сирења и кашкавали, пршут)
– Топла закуска
Бројот на гости е ограничен, па затоа резервирајте ја вашата маса на време!

Билетите можете да ги набавите во барот на Јавна Соба или преку е-маил на contact@publicroom.org

Почеток: 20.00

Кино Фросина

REEL ROCK 11 Macedonia

И оваа есен по трет пат Скопје ќе биде сведок на најголемиот качувачки празник – REEL ROCK филмската турнеја, која стигна до своето единаесетто издание, во чии рамки ќе биде претставена најновата колекција на возбудливи качувачки филмови кои ги прикажуваат најголемите приказни и атлети во рамките на спортот. Петте нови филмови ќе ви донесат возбудлива акција, патувачки истражувања низ светот, голема смеа и вистинска инспирација.

Почеток: 20.00

Концепт 37

Не турска, не шпанска::Книжевна Серија::Поети читаат Проза::Еп.2

Книжевна Серија::Поети читаат Проза::Епизода 2::
::модерација::Марија Стојанова
::Д.А. Лори::Александра Димитрова Саш::
читаат од романот:: „Адам и Евелин” од Инго Шулце::
превод од германски Елизабета Линднер, во издание на Блесок, 2010
(преводот беше поддржан со стипендија од фондацијата Роберт Бош со престој во Европскиот Колегиум на Прведувачи Штрален).

Почеток: 20.30

Среда 30.11.2016

Меморијален центар ца Холокаустот на евреите од Македонија

Отворање на изложбата „Спасители“ // “Rescuers“

Изложбата „Спасители“ е изложба на фотографии, подготвена во партнерство помеѓу Центарот за пост-конфликтно истражување (БиХ), PROOF: Media for Social Justice и Јејл Универзитетот, и истата содржи портрети и сведоштва од страна на фотографираните спасители, кои биле дел од конфликтите во Босна и Херцеговина, Камбоџа, Руанда и дел од Холокаустот. Портретите на спасителите се во авторство на Paul Lowe, Mirko Pincelli, Leora Kahn, Nicolas Axelrod, Sonia Folkmann и Riccardo Gangale.

Почеток: 20.00

Четврток 01.12.2016

МКЦ

Шизици, уживајте без ризици @Таксират

Шизици уживајте без ризици!
Тестирај се, заштити се, не дискриминирај…

…и биди во МКЦ на 1 декември на настанот посветен на Светскиот ден за борба против СИДА, во рамки на Таксират!

Со твоето присуство на настанот ќе се приклучиш на Националната кампања за борба против ХИВ/СИДА на Министерство за Здравство на РМ, финансирана од Глобалниот Фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија, во соработка со Светска Здравствена Организација. Програмата е полна со разно-разни активности од проекции на филмови и работилници до музиќки настапи.

Почеток: 16.30

Public Room

Afterwork Christmas Party

It wouldn’t be a proper December if there aren’t any parties and we couldn’t wait any longer but start a proper festive month and celebrate our new winter t-shirt designs and have you there and party together!

Почеток: 17.00

Кинотека на Македонија

Анимакс Скопје Фест 2016

Шестото издание на меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“ ќе се одржи од 1-ви до 4-ти декември 2016 година во Кинотека на Македонија.
Оваа година на фестивалот се пријавија рекордни 1.527 анимирани филмови, меѓу кои краткометражни, долгометражни и анимирани филмови наменети за деца.

Фестивалот трае до 04.12.2016 година.

Почеток: 20.00

С26

Large Professor Vs Diamond D 

Перфектно комбо за хип-хоп четврток. Настапуваат:

Large Professor vs Diamond D
DJ Goce
DJ Chvare
Dimitri From Chair

Почеток: 23.00

Петок 02.12.2016

МКЦ

20 години SMUT @Tаксират18

Кога пред 20 години SMUT почнаа да свират немаше метал-кор во Македонија. Денес зборуваме за бенд кој е основоположник на стилот во регионот и една од најценетите групи во овој дел од Европа. Во 1996 година во Западно Скопје групата ја формираа деца кои денес се семејни луѓе со четири албуми и стотици концерти позади себе, од кои некои заедно со Sick of It All, Biohazard, Integrity, Hatebreed, Madball, Ignite… Поентата на оваа група отсекогаш била во живите настапи. Којзнае колку деца од сцената својот прв stage dive или circle pit го направиле токму на SMUT концерт. Спремајќи се за снимање на својот петти албум кој излегува во 2017 групата ќе отсвири дел од новиот материјал во МКЦ, и тоа верувале или не (знаејќи дека SMUT ги има наполнето сите скопски клубови!!!) на својот ПРВ самостоен концерт во денсинг салата.

Почеток: 20.00

VOX Night Club

Edo Maajka + Frenkie & Dj Soul

Дами и господа, по подолга пауза од клубски настапи во Скопје, Sure Shotz Entertainment со гордост ти го најавуваат гостувањето на еден од нај харизматичните Балкански Хип Хоп артисти, единствениот Еdо Маајка.

Почетокот е точно на полноќ, а како локална поддршка се Dj Nasty и Dj Fitty Flow. Картите ќе се продаваат на влезот на клубот по цена од 200 денари.

Почеток: 23.59

Сабота 03.12.2016

Public Room

Дивизија – „Стереотип” во Скопје 

Две и пол години после издавањето на албумот “Втора шанса”, Дивизија ви го презентира својот нов албум насловен “Стереотип”, овој пат во Скопје!

Промотивна цена на диск: 200 ден.

DJ Popeye ќе врти плочи преку цел настан.

Почеток: 20.00

МКЦ

Tuxedomoon • Half-Mute Tour • Skopje @Taksirat18

Легендарната американска арт-рок група, TUXEDOMOON на 3-ти декември ќе одржи концерт во Младински Културен Центар во Скопје! На овој концерт во рамки на ТАКСИРАТ, гигантите на анвангардната поп музика, ексклузивно и прв пат во целост ќе го изведат својот славен прв албум „Half-Mute“, по повод 35-годишницата на ова, нивно најпознато издание.

Почеток: 21.00

Капан Ан

Funky Fresh / Goce SAF, Dimitri od Chair, Chvare

Оваа сабота по 22-ри пат Funky Fresh во Капан Ан со:

DJ Goce SAF
DJ Dimitri from Chair
DJ Chvare
Hip hop / funk / soul / disco / breaks и се помеѓу!

Старт на полноќ, влез 100 денари.

Почеток: 23.59