За градот
26. November 2016 - 10:02

[Програма] Викенд настани во Скопје

„Суперхерои“ – симфониски концерт за деца на Филхармонија

Поради голем интерес од публиката, Македонската филхармонија денеска напладне ќе го репризира атрактивниот симфониски концерт за деца „Суперхерои“.

Под диригентската палка на Борјан Цанев, оркестарот на Филхармонијата ќе ги изведе популарните музички теми од филмовите: „Супермен“, „Спајдермен“, „Пиратите од Карибите“, „Е.Т.“, „Индијана Џонс“, „Џемс Бонд“…

Аниматор на публиката и овојпат ќе биде актерот Мартин Јордановски.

Концерт „Битлси со Џез-оркестарот на ЗЏМ“ во МОБ

Во Македонската опера и балет вечер концерт ќе одржи ЗЏМ Џез-оркестарот на Здружението на џез музичари и слободни уметници. Насловен е „Битлси со Џез-оркестарот на ЗЏМ“ и ќе бидат изведени композиции од „Битлси“ преработени со џез аранжмани на Алан Бејлок, Мајк Кроти и Мајк Холобер.

– На музиката на најпопуларниот поп-рок бенд од 60-тите и 70-тите години тие и даваат еден поинаков и покомплексен призвук. На програмата ќе бидат познати теми, како: Can’t  buy me love; Get Back;  Hard Day’s Night;  Hey Jude; Lady Madonna и многу други, соопшти МОБ

ЗЏМ Џез-оркестарот е составен од 17 релативно млади македонски џез музичари со веќе изградени кариери, кои повеќе години музицираат во Македонија и надвор од неа, членувајќи во различни музички состави. Ова ќе биде нивно прво претставување пред македонската публика во ваков состав.

За вечерашниот концерт специјално е повикан австрискиот диригент Сиги Феигл, кој предава на Универзитет за музика и изведувачки уметности во Грац и подолго време работи со биг-бенд состави низ Европа.

Public Room

Design Thinking Работилница

Design thinking се дефинира како иновативен пристап или процес преку кој креативно се пронаоѓаат решенија на проблеми и потешкотии со кои секојдневно се среќаваме.


Овој метод користи user-centric или human-centered пристап каде особен акцент се дава на разбирање и градење според потребите и барањата на потрошувачите.

Работилницата е наменета за секој кој сака да дознае повеќе за процесот на Design Thinking, за секој кој сака да знае повеќе за иновации и за секој кој сака да да воведе креативност и да го разбуди младиот дух во себе, без разлика дали сте студенти или професионалци.

Почеток: 13.00

МОБ

Монти Пајтон Спамалот во Скопје @Таксират18

Монти Пајтоновиот „Спамалот“, музичката комедија базирана на филмот „Монти Пајтон и Светиот Грал“ и еден од најпопуларните бродвејски мјузикли досега, за прв пат и ексклузивно ќе биде одиграна пред македонската публика, во рамки на Таксират фестивалот.

Мјузиклот „Спамалот“ во Скопје доаѓа со импресивна актерска и танчерска екипа, во досега невиден состав. Токму за овој мјузикл, српската актерска легенда Никола Којо по 20 години се враќа под театарското светло преку ликот на Крал Артур, а со него на сцената брилијираат и Никола Ѓуричко, Срѓан Тимаров, Гордан Кичиќ, Дејан Луткиќ, Мирољуб Турајлија, Иван Марковиќ и славната Јелена Јовичиќ која неодамна со главната улога во мјузиклот „Мама Миа“ ја восхити и македонската публика. Како режисер на мјузиклот се потпишува Радослав – Рале Миленковиќ.

Влез: 1200 денари

Почеток: 20.00

Ноќен живот

Станица 26

26.11'16 сабота
NINO NAUMOV & DJ IKE

Vox Night Club

Сабота 26.11.2016
The Hounds и Dj Skitara
Почеток: 00:00 часот

Резервации на 072/311 429

XO Club

Сабота 26.11
DIMITRIS PATSIS & DJ Bobi [94,7] 

Рок Кафана Рустикана 2.0

*Сабота – Македонски евергрини со Lili Chilli од 14:00 и Burger Happy Hours од 14:00 – 18:00. 20% попуст на сите бургери во овој период. R’n’R 101 со Ringroad. Класисична рок едукација со старт после 21:30.

За инфо и резервации пишете ни во инбокс или свртете на 075 478 134

Почеток: 21.00