Прогноза за времето во наредните пет дена

Денес е среда, 26 јули 2017 година, 207-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:16, а ќе зајде во 20:02 часот. Денот ќе трае 14 часа и 36 минути. 


Во утринските часови во поголем дел од Македонија имаме претежно сончево и топло време но со утрински температури кои се за некој степен пониски од вчерашните. Во крајните западни предели појава на локална облачност, која постепено ќе се зголемува.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност, ветровито и посвежо време. Попладне зголемување на облачноста и развој на нестабилност која што попладне и навечер ќе услови умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Врнежите од дожд ќе изостанат во крајните југоисточни предели. Ќе дува доумерен северозападен, а во западните југозападен и западен ветер. Утринските температури од 11 до 20 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 21 односно до 34 степени. УВ индексот ќе има вредност 7. 

СКОПЈЕ - Во Скопје денес во утринските и претпладневните часови претежно сончево, попладне нестабилно со локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. Утринската температура од 19 степени, додека пак максималната дневна до 30 степени. УВ индекс 7. 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во четврток ќе продолжи нестабилното време, ќе преовладува умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд кои што повеќе ќе бидат изразени во западните и источните предели. Во централните предели и во југоисточните предели умерено облачно време. Максималните дневни температури ќе се движат оид 19 до 32 степени. Во петок по свежото утро со утрински температури од 8 до 16 степени во текот ќе биде претежно сончево и потопло време со максимални температури кои што ќе достигнат до 23 односно до 35 степени. Во сабота и недела сончево и потопло време со продолжување на трендот на пораст на температурите. Во сабота утринските од 10 до 18 степени, додека пак максималните од 25 до 37 степени, додека пак во недела минималните од 12 до 20 степени, а дневните од 27 до 38 степени.