Прогноза за времето во наредните неколку денови

Денес е вторник, 7 јуни 2016 година, 159-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 04:54, а ќе зајде во 20:09 часот. Денот ќе трае 15 часа и 15 минути. 

Ова утро во Македонија имаме претежно облачно време. Поради облачното време имаме и малку повисоки утрински температури. Сончеви периоди има само во крајните западни предели. 

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија денес во утринските часови ќе биде умерено облачно. Оваа облачност веќе претпладне ќе се намалува и се очекува претежно сончево време со локална облачност и ветровито. Попладне во североисточните, источните и југоисточните предели нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува доумерен засилен северозападен и североисточен ветер, а во југоисточните предели попладне југоисточен ветер. Утринските температури од 8 до 19 степени, а пак максималните од 19 до 29 степени. УВ индексот ќе има вредност 8. 

СКОПЈЕ - Во Скопје по облачното утро, во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност, ветровито и топло. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 17 степени, а максималната до 26 степени. 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во среда во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност, а во попладневните часови во североисточните, источните како и југоисточните предели нестабилно со услови за врнежи од дожд и грмотевици и температури од 18 до 28 степени. Во четврток, петок и сабота идентични временски услови. Во претпладневните часови претежно сончево, попладне и навечер нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Во четврток и петок дневните температури ќе се движат од 19 до 29 степени, додека пак во сабота од 21 до 31 степен. 

Weather4all.com.mk

cheap nike air max 90