Прогноза за времето во наредните 5 дена

Денес е вторник, 15 август 2017 година, 227-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:36, а ќе зајде во 19:38 часот. Денот ќе трае 14 часа и 02 минути. 

И ова утро во Македонија имаме ведро и свежо а понекаде и ветровито време. Од сателитската слика во 6 часот гледаме дека насекаде над Македонија е ведро. 

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес по свежото утро со температури од 9 до 18 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево, ветровито и потопло време. Ќе дува доумерен североисточен и северозападен ветер кој што постепено ќе слабее. Максималните дневни температури ќе достигнат до 24 односно до 35 степени. УВ индексот ќе има вредност 8. 

СКОПЈЕ - Во Скопје денес ќе биде претежно сончево, ветровито и потопло време. Ќе дува доумерен слаб северен ветер. Утринската температура од 16 степени, а максималната дневна до 32 степени. УВ индекс 8. 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во следните денови под влијание на поле на висок воздушен притисок не очекува стабилно и се потопло време со пораст на утринските и дневните температури. Во среда и четврток претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време. Утринските температури од 10 до 20 односно од 11 до 21 степен, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 26 односно до 37 степени. Сончево и топло време во петок и сабота кога температурите ќе бележат дополнителен пораст, утринските од 10 до 20 степени, додека пак максималните од 27 до 38 степени во петок, односно од 28 до 39 степени во сабота. 

Weather4all.com.mk