Прогноза за времето во наредниот период

Во Македонија во вторник ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, ветровито и топло. Попладне во западните, северните и североисточните предели нестабилно со врнежи од дожд. Ќе дува доумерен засилен југозападен и југоисточен ветер, кој ќе биде силен во западните предели каде се очекува да достигне брзина и до 60 км/ч.

Утринските температури во пораст и ќе се движат од 2 до 13 степени, додека пак максималните температури ќе достигнат до 8 односно до 16 степени. 

СКОПЈЕ - Во Скопје во вторник умерено облачно со сончеви периоди и топло. Попладне со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер. Утринската температура од 7 степени, а максималната дневна до 13 степени. 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во среда во Македонија ќе биде умерено облачно со врнежи од дожд. Врнежите ќе изостанат во централните и јужните предели, а дневните температури ќе достигнат до 5 односно до 12 степени. Во четврток преодна стабилизација и максимални температури од 4 до 11 степени. Во петок и сабота нестабилно со врнежи од дожд и снег. Во сабота врнежи од снег се очекуваат над 800 метри надморска висина, а во недела ќе се спуштат и во пониските предели, со исклучок на Гевгелиско-Валандовскиот регион. 

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Поради силниот ветер кој не очекува во текот на денешниот ден, бидете внимателни, особено во југозападните, западните и северозападните предели.

Weather4all.com.mk