Прогноза за цела недела: Најстудено ќе биде утре - за време на викендот пресврт во времето

Според последната прогноза на УХМР најстудено ќе биде утре кога утринската температура ќе се спушти до минус шест степени.

Од УХМР за во петок најавуват умерено наоблачување. Утринските температури ќе бидат малку повисоки и ќе се искачат до пет степени.

За време на викендот следува пресврт во времето, минималната утринска температура ќе изнесува минус три, а максималната дневна температура ќе достигне 20 степени.