Професорката Тројачанец ќе биде погребана утре

Професорката Сњежана Тројачанец, која на 6-ти декември беше пронајдена почината во водите на Вардар, ќе биде погребана утре (13.12.) на гробиштата Мирогој во Загреб.

Тројачанец исчезна на 5-ти овој месец во раните утрински часови од својот дом во Скопје. По повеќе од 24 потрага по неа во која се вклучија огромен број граѓани и полициски екипи, Сњежана беше пронајдена почината.

Тројачанец беше професорка на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, член на Катедрата за здравје и благосостојба на животните, како и поранешен претседател на заедницата на Хрватите во Македонија.