Проект: Спој на традиција и технологија - винарска визба во скопско Зелениково (ГАЛЕРИЈА)

Креирањето на една винарница претставува создавање на еден нов „микро свет“ за производство на еден од најконзумираните и најблагородните пијалаци. Да се работи еден ваков проект претставува предизвик за секој архитект.   

Како предмет на истражување во овој магистерски труд, под менторство на професор Викторија Еремеева од УАКС- Факултет за aрхитектура и дизајн, се обработени современите тенденци во проектирањето на објекти за производство на вино и вински дестилати, односно создавање на винарница со сите новитети од денешницата.

Проектантскиот дел се состои од архитектонски проект за винарница на територијата на Скопје, во општина Зелениково. Како што пишува Порта3 , одбраната локација, начинот на поставеноста на објектот, материјалите, конструкцијата и содржините на винарницата Зелениково, претставуваат комбинација која од функционален, продуктивен и естетски аспект, остава голем впечаток и претставува визуелен и просторен монумент како централна точка во околината на овој регион од општината. Со овој проект директно се влијае врз подобрување на условите и активирање на туризмот во Зелениково. 

Близината на главниот град, го прави овој објект лесно достапен и со тоа се создава уште едно „атрактивно“ место наменето за секаков вид посетители, и кое овозможува разновидно користење, како за секојдневни посети на ресторанот и барот, па се до конференциски собири и вински туризам.