Проект на УСАИД: Прва регионална конференција за факторинг

Проектот на УСАИД за Факторинг во соработка со Меѓународната организација за факторинг, Factor Chain International и Стопанската комора на Македонија денеска ќе ја одржи својата Прва регионална конференција за факторинг како алтернативен начин на финансирање.

Според организаторите, настанот има за цел да го зголеми разбирањето за факторингот како алтернативен извор на финансирање кај компаните и пошироката јавност и да ги упати домашните финансиски институции кои работат со факторинг да ги применат најдобрите практики за финансирање.

Воведни излагања на форумот ќе имаат: вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, Вршителката на должност претставник на УСАИД во Република Северна Македонија, Гречен Биркл, заменик министерката за финансии Ширет Елези и членот на извршниот комитет на Factor Chain International, Панос Папатеодору. в