Продолжуваат протестите на жителите од Кисела Вода, која крстосница е следна?

Министерството за внатрешни работи информира дека поради најавен протест на група граѓани со блокирање нa крстосница на булеварот „Србија“ со булеварот „Борис Трајковски“ во времето од 07,00 часот сообраќајот ќе биде пренасочен по локален пат кон Горно Лисиче, булеварот „12-та Македонска Бригада“, булеварот „Трета Македонска бригада“ и улицата „Народни херои“.

Министерството за внатрешни работи апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.