Продолжува жешкото лето - температури до 37 степени

Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен и западен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од девет до 18, а максималната од 30 до 37 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската ќе изнесува 15, а дневната ќе достигне до 34 степени Целзиусови.

Во наредните денови следува период на стабилно и топло време. Зголемена облачност се очекува за време на наредниот викенд.