Есенската акција за садење 615 дрвја на јавните површини на повеќе локации низ градот Скопје, која започна во општина Аеродром, денеска се одвиваше во општината Карпош.

- Акцијата за зазеленување на Скопје продолжува. Во неа досега се засадени двесте садници во Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба и во Чаир. Денеска продолжуваме со садење 60 дрвја во новиот парк спроти студентскиот дом Гоце Делчев во Карпош. Со есенската акција предвидени се да се засадат 615 нови висококултивирани садници од типот: јавор, каталпа, липа, даб и јасен – истакна претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.

Градот Скопје планира напролет да ја продолжи акцијата за зазеленување на Скопје и да засади уште 4 000 висококвалитетни садници на точно утврдени локации, особено локации каде што во изминатиов период биле исечени или воопшто немало засадено нови дрвца.