Продолжува акцијата за собирање отпад од електрична и електронска опрема во Општина Карпош

Општина Карпош во текот на месец април, ја продолжува големата акција за собирање на отпадната електрична и електронска опрема во соработка со Нула Отпад ДОО Скопје, директно од домовите на граѓаните преку ефикасен и економски одржлив систем за собирање, селектирање, рециклирање, преработка и отстранување на отпадна електрична и електронска опрема од целата територија на општината

Во текот на пролетното чистење, цел месец април, граѓаните можат да се пријавуваат во урбаните заедници, каде што на координаторите ќе ги остават своите контакт податоци како и видот и количината на отпадот што го поседуваат. Согласно евидентниот лист од секоја урбана заедница, колективниот постапувач Нула отпад од Скопје во договор со пријавените граѓани, ќе спроведе бесплатно подигнување на отпадот од домовите, а со помош и во соработка со работници обезбедени од Општина Карпош.