Општина Карпош ќе додели нови 6.000 м2  квадратни покривен лим. Оваа донација  на покривен лим ќе биде доделена  на сопственици на приватни станбени објекти кои се пријавиле на оглас распишан од страна на  Општината.

Оваа година, многу повеќе граѓани се  обратија до Општина Карпош, за замена на покривите. Поддршка побараа 174 индивидуални објекти, како и 43 колективни згради.

Досега комплетна документација до локалната самоуправа, доставија 43 граѓани, на кои покривниот лим ќе им биде испорачан веќе од почетокот на наредната седмица.  

Карпошани  своите азбестни покриви ќе ги заменат со овој  висококвалитетен   пластифициран  лим.

Локалната  самоуправа спроведува акција со која е предвидено до 2020 година, сите азбестни покриви на колективни и индивидуални станбени објекти да бидат заменети со нови.