Продолжува акцијата "На секој му треба топлина - стопли срце"

Акцијата "На секој му треба топлина - стопли срце" - продолжува!


Сите оние кои не стигнаа да ги оставите топлите јакни кои не им се потребни, а на некој друг живот му значат, овој пат тоа можете да го сторите и во oпштина Аеродром.

Во пресрет на големиот христијански празник Свети Николај Мирликиски Чудотворец (19.12.2017), да се сплотиме и нашата топлина да ја подариме на оние на кои им е најпотребна. Јакните донесете ги во црковниот храм "Свети Николај" во Аеродром (во паркчето Јане Сандански), во недела на 17.12.2017 година и тие ќе бидат подарени на оние на кои им се најпотребни, алелираат организаторите.