Продолжен рокот за поднесување ДДВ пријави до 27 октомври

Управата за јавни приходи го продолжи рокот за поднесување ДДВ пријави до 27 октомври 2017 година.

- Согласно Законот за даночна постапка, поради отежнатото поднесување даночни пријави преку системот е-Даноци на 24 и 25 октомври 2017 година, се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавата се продолжува. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-пријавата  од 25 октомври 2017 се продолжува за два работни дена, односно крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 27 октомври 2017 година, стои во соопштението од УЈП.