Продложува соработката на Општина Кисела Вода со УНДП

Општина Кисела Вода и оваа година ја продолжува досегашната успешна соработка со УНДП при реализација на Програмата Општинско - корисна работа од оперативниот план на Владата на Република Северна Македонија.

Претставници од Секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт и од Секторот за локален и економски развој при Општина Кисела Вода на 13.05 и 14.05.2019 година ќе учествуваат на работилница организирана од УНДП на која ќе се информираат за новитетите, за проектните активности  во сите фази на Програмата за Општинско - корисна работа.

Локалната самоуправа во соработка со УНДП за успешно реализирање на Проектот „Општинско - корисна работа“ оваа година ангажираше 27 лица, од кои 16 образовни асистенти и 1 личен асистент за работа со лица со посебни потреби во осумте општински основни училишта. Ангажирани се и 10 негуватели во јавните детски градинки во надлежност на Општината. Истите се финансирани од страна на Општина Кисела Вода преку Програмата Г10 Локален економски развој со потпрограма ГД0 - Проекти за енергетска ефикасност за 2018 година.