Прочитајте го ова ако се плашите од љубовта...

Не беше секогаш вака.

Љубовта порано беше лесна и природна како и дишењето. Се се вртеше околу пеперутки и сонце. Нежни бакнежи и ноќни разговори. Поврзување без труд.

Затоа и не успеа да го предвидиш тоа што се случи. Неизбежниот крај. Твојата голема љубов се изгоре до темел. Скршеното срце беше исто како што е опишано во поеми и тажни песни.

И веруваше на погрешната личност. Ја изгуби борбата против судбината. Ти беше скршена.

Денови, недели и месеци поминаа како во магла. Не знаеш што се случи. Толку беше обземена со својата тага што правеше се само за да бидеш подобро. Не знаеш како ја надмина болката, но некако успеа и еве си денес. Тука.

Ти го преживеа искуството и тоа те промени. Оваа загуба засекогаш го промени правецот на твојот живот. Од сето тоа излезе многу посилна, но и многу попретпазлива.

Тоа што го чувствуваш е многу нормално.

Ти се плашиш од љубовта, затоа што секој почеток изгледа како до води кон неизбежен крај.

Случајниот контакт со очи. Првиот бакнеж. Наелектиризираниот допир. Слатките пораки. Романтичните гестови. Пораките за добро утро и добра ноќ. Тие работи повеќе не те возбудуваат, затоа што делуваат дека со нив имаат и рок на траење.

Мислиш дека тие моменти се само минливи и дека на крај се ќе се сруши.

Ти се плашиш од љубов затоа што си изградила високи ѕидови и си го заклучила своето срце.

Ги имаш фрлено клучевите за да се осигураш дека твоето срце е непробојна тврдина. Можеби немаш ништо таму, но барем си сигурна. Можеби понекогаш си осамена, но барем нема да бидеш повредена.

Можеби твојот живот е рамна линија, без сите бои и чувства, но барем имаш мир. Имаш одлучено дека затворањето на твоето срце е подобро отколку да ризикуваш повторно да бидеш повредена.

Се плашиш од љубов затоа што повеќе не веруваш во идејата за љубов.

Можеби си поминала голем дел од својот живот бркајќи ја љубовта. И толку многу пати ти побегнувала. Сепак, толку многу пати повторно си се обидувала. Се додека не дојде точката на вриење. Одеднаш, далечната помисла дека можеби љубовта не е за тебе, не делува толку невозможно. Почнуваш да се помируваш со тоа. Почнуваш да се помируваш дека идејата за сродни души и романтична љубов не е за тебе. И уморна си од борење за нешто што не е твое. Не ја гледаш поентата да се трудиш.

Тоа е океј.

Земи си време колку што ти е потребно. Нека ти биде удобно во твоја кожа што нема да ти биде потребно одобрување од други. Сакај се себеси со се што имаш. Посвети си го твоето внимание на работите кои прават да се чувствуваш живо. Биди пребирлива околу тоа на кого му го даваш твоето срце. 

Остави времето да ти покаже што е вистинито и да ти открие чии намери се искрени.

Остави искуствата да бидат најдобри лекции за да научиш како да стоиш силна сама и како да си заминеш кога историјата ќе почне да се повторува.

Затоа што кога ќе престанеш да ја бараш љубовта, љубовта ќе дојде.

Токму во моментот кога ќе престанеш да трчаш по луѓето, ќе дозволиш љубовта природно да се развива. Само кога ќе се сакаш себеси, ќе можеш да ја прифатиш љубовта којашто ја заслужуваш.