Прочитајте ги луѓето околу себе

Не е најлесно да се прочитаат луѓето околу нас и многу често можеме да се излажеме околу тоа, но сепак постојат некои правила кои можат да ни помогнат во тоа. Ова се советите од психолозите како да ги прочитаме луѓето околу нас.

Ако личноста се смее пренагласено и прегласно, дури и за работи кои не се толку смешни или се глупави – тоа значи дека личноста длабоко во себе се чувствува осамено.

Ако личноста зборува малку, но го кажува тоа брзо , таа крие некаква тајна.

Ако некој конзумира голема количина храна, веројатно се наоѓа под некаков притисок.

Ако личноста не може да заплаче, станува збор за личност која има скриени слабости.

Доколку пак личноста може лесно да заплаче, таа личност се соочила со голема загуба во својот живот.

Ако една личност спие долго, повеќе од нормалното, станува збор за личност која длабоко во себе крие некаква тага.

Ако личноста брзо избувнува, дури и кога за тоа нема никаква причина – тоа е личност на која и недостасува љубов.