Привремено згрижен рибниот фонд од езерцето во Градски парк

На барање од Град Скопје и ЈП Улици и Патишта којшто е изведувач на проектот, здружението Вардар успешно ја заврши акцијата за привремено згрижување на рибниот фонд од езерцето во Градски парк.

Акцијата траеше 7 дена со учество од над 15 активисти од здружението. Во згрижувањето на рибите, се користеше професионална опрема за излов на рибата (мрежа - грип) со цел минимално оштетување на рибата при излов.

Вкупно се излови околу 1 (еден) тон крап, клен, бојник, костреж, црвеноперка, караш, толстолобик и истата уредно ќе биде вратена откако ќе се исчисти езерото.

Град Скопје упатува голема благодарност до здружението спортско рекреативен риболовен клуб Вардар за брзата реакција и координација во спроведување на оваа акција.