Привремен сообраќаен режим на улицата „Димитрија Чуповски“

Град Скопје ги известува граѓаните дека денеска и утре на улицата „Димитрија Чуповски“, во центарот на градот, ќе се воведе привремен сообраќаен режим поради изведување градежни работи.

Поради асфалтирање на улицата „Димитрија Чуповски“, на потегот од раскрсницата со булеварот „ВМРО“ до крстосницата со булеварот „Свети Климент Охридски“ денеска почнувајќи од 7 часот наутро па до 7 часот утре ќе бидат затворени за сообраќај три коловозни ленти, и тоа: две ленти во правец Центар – студентски дом „Кузман Јосифовски Питу“ и една лента во правец дом „Кузман Јосифовски Питу“ кон Центар. Возилата што се движат од Центар кон „Кузман Јосифовски Питу“ ќе мора да вртат десно на крстосницата на булевар „ВМРО“ со улицата „Димитрија Чуповски“ и да возат кон булеварот „Партизански одреди“. Возилата што се движат од домот „Кузман Јосифовски Питу“ кон Центар ќе се движат во една лента, крајната десно.

Исто така, возилата што се движат по улицата „Васил Главинов“ кон крстосницата со улицата „Димитрија Чуповски“ ќе можат да одат право кон булеварот „ВМРО“ и лево кон Центар. Вртењето во десно, за нив ќе биде забрането.

Во сабота (08.06.2019 година), пак, со почеток во 7 часот наутро до 7 часот на 09.06.2019 година ќе бидат затворени три коловозни ленти на улицата „Димитрија Чуповски“, и тоа: две ленти во правец студентски дом „Кузман Јосифовски Питу“ – Центар и една лента во правец Центар – студентски дом „Кузман Јосифовски Питу“. Возилата што се движат од Центар кон „Кузман Јосифовски Питу“ ќе се движат по една коловозна лента, а возилата што се движат од „Кузман Јосифовски Питу“ кон Центар ќе вртат лево или десно по булеварот „Свети Климент Охридски“. Исто така, вртењето во десно од булеварот „Свети Климент Охридски“ кон улицата „Димитрија Чуповски“ ќе биде забрането, односно возилата ќе продолжуваат да се движат право по булеварот.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја проспособат брзината на движење на условите на патот.