Привремен сообраќаен режим на мостот „Гоце Делчев“

На мостот „Гоце Делчев“ денеска и утре ќе биде воведен привремен сообраќен режим поради изведување комплексни градежни активности.

– Поради изведување градежни активности за реконструкција на дилатационите фуги на мостот денеска во периодот од 5 часот изутрина до 17 часот попладне ќе биде целосно затворена за сообраќај страната на мостот во правец од ТЦ „Мавровка“ кон Влада (исток-запад). В недела поради изведување на истиот градежен зафат на мостот во периодот од 5 часот изутрина до 17 часот попладне, ќе биде целосно затворена за сообраќај страната на мостот во правец од Влада кон ТЦ „Мавровка“ (запад- исток), се вели во соопштението од Град Скопје.

Град Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времено поставениот режим на сообраќај. Ги замолуваат сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ соопшти дека викендов, од 5 до 17 часот, поради градежни зафати на мостот „Гоце Делчев“ ќе биде воведен привремен сообраќаен режим. Автобусите од јавниот превоз што сообраќаат во тој дел ќе бидат пренасочени.