Приведено едно лице: Нови детали за убиството на Матка

Лицето можен сторител на денешното убиство на Матка, е приведено во полициската станица „Ѓорче Петров“ и се работи на расчитување и документирање на настанот.

Седумнаесет годишниот Х.И. е убиен денеска во село Матка, Скопско, од страна на Е.А. (2000) со нож во меѓусебна тепачка, потврдија за МИА од МВР.

Како што информираат од МВР, инцидентот се случил околу 15 часот на влезот од селото Матка при што 19-годишниот Е.А. го прободел со нож во пределот на градниот кош малолениот Х.И., кој починал на самото место.