Приведени три лица од Скопје кај кои биле пронајдени екстази

Три лица од Скопје синоќа биле приведени од страна на полицијата поради поседување на дрога.

Како што соопшти МВР, се работи за млади луѓе на возраст од 21, 20 и 28 години кај кои биле пронајдени и одземени екстази.

По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.