Приведени 4 лица во центарот на Скопје

Во средата, на 3.07.2019 година на булевар „Климент Охридски“ во Скопје, соопшти денеска МВР, полициски службеници запреле патничко возило кое го управувал С.Т. (28), а како сопатници биле Х.Ш.(20), В.Ц.(20) и Ј.Б.(17).

Во тој момент пријавениот В.Ц. ја отворил вратата и на земја фрлил амфетамин.

Лицата биле лишени од слобода и приведени во Полициската станица Центар.

На 04.07.2019 година, врз основа на наредба од судија на претходна постапка, бил извршен претрес во простории каде престојувал В.Ц. на улица „Орце Николов“.

При претресот биле пронајдени таблети метилен-диоксиметамфетамин (МДМА) и една дигитална вага со остатоци од марихуана.