Приведен Васе Доневски, доскорешен директор на СОЗР

Министерството за внатрешни работи го привело Васе Доневски, поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, пренесе Република.

Во јуни, минатата година Владата на Република Македонија уште на почетокот го разреши Доневски и за нов директор на СОЗР го назначи Пеце Мирчески од СДСМ.

Порталот побарал потврда од МВР за приведувањето на Доневски, но оттаму не добивме конкретен одговор.