Мите Јовановски, сопственик на бензинските „Макоил“ е приведен утринава од полицијата затоа што се спротивстави на отстранувањето на реклама поставена пред неговата бензинска станица во скопската населба Лисиче, дознава Плусинфо.

Од МВР велат дека е постапено по барање на Град Скопје.

Со Јовановски, приведена е и неговата ќерка и уште една вработена во компанијата.