Притвор за дилерите кои паднаа во акцијата "Мрежа" (видео)

Триесет дневен притвор за петчлената организирана криминална група осомничена за нелегално продавање на дрога, во акцијата Мрежа.

Според соопштението на МВР, петтемина осомничени во текот на оваа и минатата година продавале кокаин за цена од 3000 до 4500 денари за една паковка. Кокаинот бил набавуван од непознато лице од Р. Србија во помали количини, за полесно и побезбедно да го извршат транспортот преку граничните премини. 

При извршените претреси, во домот на организаторот на криминалната група се пронајдени и одземени 50 девет милиметарски куршуми, една паковка со бела прашкаста материја еден автомобил и три мобилни телефони. Во домот на останатите осомничени  одземени се куршуми, паковки со непозната бела прашкаста материја, и кеса со непозната растителна материја, информираат од МВР.

Надлежните велат дека клиенти на осомничените им биле познати лица од естрадата, сопственици на познати кафулиња и поимотни лица од Скопје.