Се прашувате зошто сте постојано уморни, нервозни и сметате дека ништо нема смисла? Ако покрај ова ве следат и панични напади, не посегнувајте веднаш по апчиња за смирување, туку обидете се на природен начин да си обезбедите посреќен живот.

Внимавајте на својот дигестивен систем

Ако сакате да живеете посреќно, морате да внимавате на својот систем за варење, бидејќи тој меѓу останатото, лачи и хормон серотонин кој прави да се чувствуваме добро. Врската помеѓу стомакот и мозокот е силна, па затоа депресијата честопати може да доведе до дијареја или опстипација. Ако се храните со здрави намирници вашиот систем за варење ќе работи правилно, па на природен начин ќе ја ублажите нервозата и стресот.

Научете да подзабавите

Кога станува збор за борбата со стресот, начинот на живот е пресуден. Некогаш навистина се чувствуваме како да сме во шеста брзина. Мора да научите кога е потребно да забавете и да кажете „не“ на луѓето и плановите кои ве прават нервозни и депресивни. Ќе се почувствувате посмирено, а јогата е само еден преубав начин за намалување на стресот и анксиозноста. Освен јогата тука е и медитацијата. Многу луѓе чувствуваат дека „немаат нерви“ за медитација, но тоа да не ве обесхрабрува. Еве зошто е добро: кога ќе научите да го забавите начинот на живот, вашето тело ќе се опушти и ќе помине во поздрав режим со што ќе ви подари рамнотежа.

Свртете се кон лековити билки

Постојат неколку клучни билки кои ќе ви помогнат во стресни ситуации, како на пример паничен напад или депресија. Лековитите билки брзо се апсорбираат и моментално делуваат на вашето тело да се избори со разни видови на стрес, почнувајќи од емотивен, ментален, физички. Овде спаѓаат Радиола, Сибирски гинсенг, Шисандра и Астралагус. Научниците претпоставуваат дека овие билки делуваат на централниот нервен систем кој понатаму испраќа пораки до органите, ткивата и клетките.

Другиот вид билки, кои делуваат како средство за смирување на нервите, ја смируваат нервозата и помагаат да се намали чувството на анксиозност, а исто така го јакнат и одговорот на телото на стресот. Во оваа група спаѓаат копривата, кантарионот и бакопата.

Подобрете го своето расположение

Два најдобри начини за подобрување на расположението се физичката активност и внесувањето протеини. Докажано е дека вежбањето е еден од најдобрите антидепресиви. Не само што вежбањето го поправа вашето расположение, туку ја намалува и анксиозноста, ги регулира хормоните на стрес и го зацврстува вашето тело. Со вежбањето внимавајте да внесувате доволно протеини за појадок, ручек и вечера, бидејќи тие прават да се чувствуваме поздраво и да бидеме подобро расположени.