Природни лекови против болки

Овие производи можат да ви ја излекуваат болката, а сигурно ги имате во својата кујна:

 

 

Забоболка

Со нежно џвакање на каранфилче ќе си ја олесните забоболката и воспалението на непцата за само два часа. Каранфилчето содржи природен анестетик еугенол кој благотворно делува врз забоболката. Каранфилчето е добро за смирување на надуеноста на стомакот.

Ако немате каранфилче, кога ве боли забор можете да земете лук. Тој содржи алицин кој се ослободува кога ќе го скршите лукчето и почнува да делува како антибактериско средство. Затоа, кога следен пат ќе ве заболи заб, скршето чешне лук и ставете го на болното место.

Ранички во устата

После настинка и грип многу често се јавуваат ранички во устата кои можат да бидат исклучително болни. Но лекот за овој проблем се наоѓа во кујната. Мачкајте ги четири пати дневно со мед се додека не исчезнат. Медот има поголемо дејство од лековите и тоа дури за 43 отсто. Се бори против воспаленијата, ги уништива вирусите и го забрзува регенерирањето на оштетеното ткиво.

Болка во мускулите

За најдобра ефикасност, ѓумбирот е еднаш дневно во јадењето да се уфрли едно лажиче сушен ѓумбир или две лажички свежо исечкан ѓумбир. За тоа колку е корисен ѓумбирот зборува и податокот дека тој исто така се употребува и против мачнина и проблеми со варењето, а корисен е и против блага кашлица и настинка. Познато е дека помага и во борба против ракот на јајници.

Mигрена

Научниците советуваат доколку имате проблем со мигрена, покрај лекот да испиете и шолја јако црно кафе. Кофеинот го стимулира организмот побрзо и подобро да ги апсорбира таблетите против болки. Истражувањата покажале дека кафето ја зголемува делотворноста на лековите против мигрена за дури 40 отсто и повеќе.

Болка во уво

Верувале или не и кај болките во уво најдобро помага добро познатиот народен лек – лукот. Две капки топло масло од лук (згмечете ги чешните лук и помешајте ги со зејтин) капнете два пати дневно во болното уво и повторувајте ја терапијата во текот на пет дена.

Научниците велат дека активните состојки што се наоѓаат во лукот (германиум, селен и сулфурни соединенија) можат да уништат десетина бактерии кои предизвикуваат болки, подобро од медицинските лекови.

Болка во стапалата и проблем со враснати нокти

Дали често ви се случува вакви проблеми со ноктите: За ова може да ви помогне солта. Научниците од универзитетот Стенфорд советуваат редовно да ги ставате стапалата во солена топла вода. Доколку сте упорни оваа болна инфекција може да исчезне во рок од 4 дена. Односот на солта и водата би требало да биде: едно лажиче сол на една чаша вода. Температурата на водата може да биде и собна, не мора да биде претопла, само е важно да не е ладна. Во ваквиот раствор држете ги стапалата околу 20 минути, два пати дневно, се додека инфекцијата не се повлече.

Болки во грбот

Многу едноставен, но и вкусен начин да се ослободите од непријатната болка во грбот е да јадете грозје! Ако изедете само една чинија грозје на ден, тоа ќе ги опушти крвните садови и така ќе го подобри протокот на крв во оштетените ткива на грбот и тоа во рок од три часа. Прптокот на крв е клучен за опоравување на грбот па нека не ви биде тешко секој ден да јадете по малку грозје.

Проблеми со бешиката

Консумирањето на една чинија боровинки дневно, во било која форма, го намалува ризикот од инфекции на уринарниот систем за 60 отсто. Боровинките се полни со танин, растително соединение кое е силен природен непријател на бактериите што предизвикуваат проблеми во бешиката. Затоа, доколку сте склони кон проблеми со мокрачните канали вклучете ги боровинките во вашата исхрана. Ако ништо друго, ќе ви го подобрат имунитетот.

Хронични болки

Дали сте чуле за куркума? Овој популарен индиски зачин, е за три пати поделотворен во ублажувањето на болките од аспиринот. Исто така, куркумата може да помогне да се ублажат хроничните болки за дури 50 отсто кај луѓето кои се борат со артритис. Последните години се случила експлозија во истражувањата на куркуминот – антиоксиданс најден во куркумата. Истражувањата покажале дека има противвоспалително, антивирусно, антибактериско, антифунгално и антитуморско делување. Научниците препорачуваат да додадете 1/4 лажичка со овој зачин дневно во било кое јадење.

Различни болки

Најновите истражувања покажуваат дека барем една од четири жени се бори со артритис, гихт или хронична главоболка. Ако сте една од нив, црешите можат да ви ја олеснат болката. Антоцијанините, соединенија кои и даваат на црешата црвена боја, имаат противвоспалителни својства и тоа, 10 пати посилни од аспиринот. Изедете барем 20 цреши на ден, било да се свежи, смрзнати или сушени и јадете ги се додека не ви престанат болките.

cheap nike free run 5.0