Приоритет ни се најмладите, подобрување на условите во основните училишта и во градинките во Гази Баба – вели Трајковски

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Тони Трајковски вели дека за него приоритет ќе останат најмладите. Дека ќе се грижи да се изградат нови и да се подобрат условите во постоечките градинки и основни училишта.

– Ќе се работи на тоа индустриската зона од општина Гази Баба постепено да се префрлува на периферијата, за да се намали загадувањето на воздухот. Екологијата ни е врвен приоритет, подобрување на условите од аспект на комунална и патна инфраструктура. Исто така, како што во минатото беше, така и во иднина најважни ни се најмладите, односно згрижување во градинки и подобрување на условите во основните училишта – вели Трајковски.