Прилепчанец во гаќи криел хероин и кокаин

Триесет и деветгодишен маж е под истрага за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги. Осомничениот е во куќен притвор, а полицијата кај него пронашла дрога во долната облека. 

Осомничениот на 30 август годинава од лице од Тетово купил 20, 4 грама хероин и 1,23 грама кокаин.

За количината, цената и местото на предавање на дрогата се договориле телефонски. Кога тетовецот со автомобил пежо 207 тргнал од Тетово за Прилеп, каде на договореното место требало да му ја предаде наркотичната дрога на осомничениот, на влезот од селото Дебреште возилото било сопрено полиција.

При извршениот преглед кај него била пронајдена наркотичната дрога во долната облека.

Основното јавно обвинителство Прилеп веќе има отворено истражна постапка против лицето од Тетово кај кое била пронајдена дрогата и тој се наоѓа во куќен притвор.

Оваа истага се води за настан од 10 септември. Тогаш во вечерните часови откако претходно телефонски се договорил со лице од Скопје, осомничениот на неутврдена локација неовластено му продал 95 шишенца од по 10 милиграми психотропна супстанца – метадон за сума од 400 денари за шишенце.